Системот „Безбеден град“ доби нова надградба која овозможува автоматско идентификување на мотоцикли при прекршоци во сообраќајот.
Дополнителната опрема е потребна поради специфичната поставеност на регистарските таблички на мотоциклите. Досега, камерите регистрираа само предната страна на возилата, што отежнуваше препознавање на моторите, за разлика од автомобилите.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека на одредени локации, каде техничките услови го дозволуваат, веќе е инсталирана новата опрема и резултатите се веднаш видливи.
Уште во првиот ден беа забележани околу девет прекршоци за пречекорување на дозволената брзина од страна на мотоциклисти.
Покрај тоа, МВР продолжува со работата на надминување на техничките предизвици поврзани со системот, вклучувајќи контролата на возила со странски регистарски таблички и проширување на можноста за санкционирање на повеќе гранични премини.
Тошковски спомена и пример со Табановце, каде што бројот на возила значително ги надминал првичните предвидувања, со регистрирани и до 500 возила за еден час наместо пет.
Поради ова, се разгледуваат нови решенија за странските возачи со цел да ги регулираат можните сообраќајни обврски без долгото чекање на границата.
Според статистиката за сообраќајните несреќи, се забележува намалување на бројот на загинати лица. До 1 септември 2025 година, во сообраќајот животот го загубиле 96 лица, додека во ист период годинава, бројката е 60.
MВР ја истакнува главната цел на системот „Безбеден град“ да санкционира прекршоци без селекција, со крајна намера да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се спасуваат човечки животи.


