in

ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КИЧЕВО-МАКЕДОНСКИ БРОД: Загина 75-годишник, тројца повредени, меѓу кои и малолетник

Во текот на синоќа, на регионалниот пат Кичево–Македонски Брод се случи тешка сообраќајна несреќа, каде што 75-годишен маж го загуби животот, а три лица се повредени.

Според полицијата, инцидентот бил пријавен во 20 часот. Учесници во несреќата биле автомобил „Мазда“, управуван од 75-годишниот Д.С. од Кичево, и „Хјундаи“ со македонски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 75-годишниот А.С. од село Преглово.

Возачот на „Хјундаи“, кој се здобил со тешки повреди, починал на местото на несреќата, а смртта ја потврдил лекар од Итната медицинска помош. Возачот на „Мазда“ исто така претрпел тешки телесни повреди, а дополнително, повредени се и двајца сопатници од „Хјундаи“ – 15-годишно момче од Преглово и 21-годишен жител на Пласница.

Повредените лица се прегледани и згрижени во Медицинскиот центар во Кичево и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на несреќата била извршена истрага од страна на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево. Во тек е истражување на причините и околностите кои довеле до овој трагичен судир.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Режисерот Енвер Пушка се огласи по инцидентот со Лидија Вукичевиќ: „Не поддржувам никакво злосторство!“

Камерите сега регистрираат и мотоцикли: Системот „Безбеден град“ веќе бележи прекршоци!