in

Крај на ерата на Тим Кук во Apple: За 15 години ја зголеми вредноста на компанијата од 350 милијарди на над 4 трилиони долари!

Тим Кук, по близу 15 години на позицијата главен извршен директор на Apple, се повлекува од оваа функција. Тој ќе ја преземе улогата на извршен претседател, оставајќи се во раководството на технолошкиот гигант.

На негово место доаѓа Џон Тернус, претходниот раководител на хардверското инженерство во компанијата, кој ќе стане новиот главен извршен директор и ќе го превземе управувањето со Apple.

Оваа промена ќе се официјализира на 1 септември 2026 година.

Кук ја презеде функцијата по Стив Џобс во август 2011 година и за време на неговото управување, Apple прерасна во глобален гигант. Кога тој започна, пазарната вредност на компанијата беше околу 350 милијарди долари, а денес таа надминува 4 трилиони долари.

Оваа трансформација означува десеткратно зголемување на вредноста на компанијата, а периодот на Кук е забележан со значителен раст на приходите, ширење на екосистемот на Apple и лансирање на производи како Apple Watch и AirPods.

Со доаѓањето на Тернус, започнува нова етапа за компанијата, а неговото искуство во хардверот се очекува да биде клучно за идниот развој на Apple.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Пронајдена неексплодирана бомба во Охридското Езеро близу кејот „Македонија“

Намалување на бројот на ученици во Македонија: новата учебна година носи 433 помалку паралелки