in

Легендарната Весна Змијанац на 28 ноември во „Борис Трајковски“ со 50 години хитови!

По три успешно распродадени концерти во Арена, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем настап во рамките на нејзината турнеја по повод 50 години на сцена.

Концертот, кој првично беше планиран да се одржи во арената „Јане Сандански“, сега е преместен во „Борис Трајковски“, поради големиот интерес од публиката.

Датумот на настанот останува 28 ноември, а за оние кои веќе купиле билети за оригиналната локација, нема потреба за грижа, бидејќи билетите важат и за новата локација.

Весна Змијанац во текот на својата петдесетгодишна кариера остави неизбришлив печат со бројни хитови, кои продолжуваат да се слушаат и денес. Концертот во Скопје ќе понуди вистински спектакл, исполнет со познати песни и емоции од нејзиниот богат репертоар.

Оните кои сè уште не добиле билет, можат да ги набават преку Kupikarta.com. Подгответе се за музичка вечер полна со возбудливи моменти од животот на една од најпознатите пејачки во регионот!

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Пред 444 години, календарот прескокнал 10 дена!

Откритие од 2.500 години: Злато и воена опрема пронајдени кај Струга