in

Лука Дончиќ ги донесе Лејкерс во Љубљана: НБА ѕвездите го освоија градот!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс имаа прв целосен ден во Словенија, по поканата на својот соиграч Лука Дончиќ. Словенечкиот играч ги организираше соиграчите во Љубљана за четиридневно дружење, со цел подобрување на екипниот дух пред стартот на новата НБА сезона.

Во петокот, Лејкерси тренираа во спортската сала „Стожице“, каде што ги пречека голем број навивачи. Љубителите на кошарката чекаа со часови за да ги видат НБА ѕвездените играчи, кои по завршувањето на тренингот ги израдуваа со автограми и заеднички фотографии.

По тренингот, екипата го посети Љубљанскиот замок, каде што беше организиран ручек. Кошаркарите потоа се упатија на бродска тура низ реката Љубљаница, што предизвика бурен интерес од страна на навивачите кои ги поздравуваа со извици „Лејкерс!“. Играчите им возвратија со мавтање.

Според словенечките медиуми, во текот на престојот, кошаркарите пробале и традиционален бурек. Планирана е и вечера, како и излегување во еден од ноќните клубови во Љубљана.

Дончиќ го иницираше ова патување со цел новиот состав подобро да се запознае, особено со оглед на тоа што франшизата има многу нови лица. Навивачкиот интерес беше голем, со што многу обожаватели го следеа пристигнувањето на Лејкерси на аеродромот „Брник“.

Следната дестинација за Лејкерси е Блед, каде што кошаркарите ќе играат голф. Дончиќ, кој во последно време уделува време на голфот, го вклучи и во програмата за своите соиграчи.

Нивниот престој во Словенија привлекува внимание и од надворешни кругови, а франшизата активно споделува впечатоци на социјалните мрежи, што допринесува за промоција на Словенија пред глобалната публика.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Успех на Петар Цеков: Трето место на Охридскиот пливачки маратон

Силно невреме ја зафати Словенија: ТОРНАДО предизвика штети, ветерот достигна 106 км/ч!