in

Мачките можат да го примат карактерот на својот сопственик, а на воспитувањето реагираат слично како и малите деца

Личноста на мачката не изненадува секој ден. Разигран лик и поглед кој јасно кажува дека секогаш мора да биде нивен начин, се главните карактеристики на мачката кои ги воодушевуваат, но и ги збунуваат сопствениците.

За разлика од кучињата кои ја покажуваат својата љубов кон нас на многу очигледен начин, мачките се нешто посуптилни. Затоа често се прашуваме дали воопшто се врзани за нас, дали имаат чувства за нас и дали се среќни во нашиот дом?

Одговорот на тоа прашање лежи во новото истражување спроведено од Универзитетот Нотингем Трент во Англија.

Едноставно кажано – истражувањата заклучиле дека мачките го апсорбираат карактерот на својот сопственик и дека по некое време почнуваат да се однесуваат исто како вас.

Затоа, ако мислите дека вашата мачка не ве сака, обидете се да покажете повеќе љубов во нејзино присуство и наскоро ќе имате домашно милениче кое сака да се гушка во вашиот скут. 

Исто како што стиловите на воспитување можат да влијаат на личноста на детето, стиловите што ги користите за да се грижите за вашето маче можат да го обликуваат нејзиниот карактер. Нормално ги доживуваме мачките како независни, но новото истражување покажа дека тие всушност се одраз на карактерот на нивниот сопственик.

Во истражувањето учествувале три илјади мачки и нивните сопственици. Научниците го користеа таканаречениот тест на личноста на големите пет , скала што ја мери екстравертноста, согласноста, совесноста, невротизмот и отвореноста.

Истражувањата покажаа дека личноста на сопственикот е многу слична со онаа на неговиот миленик. На пример, сопствениците кои се опишале себеси како невротични имале мачки со нарушувања во однесувањето. Сопствениците кои се оцениле себеси високо во категоријата отвореност имале поактивни мачки кои почесто биле на отворено.

Сопствениците ги сметаат нивните миленици за членови на семејството и се поврзуваат со нив на длабоки нивоа. Затоа е сосема нормално начинот на кој комуницираме со нив и како се однесуваме со нив да влијае на нивниот карактер, кој очигледно може да се промени со текот на годините, односно да влијаеме на тоа , објасни Лорен Финка од Универзитетот Нотингем Трент.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Овошје и домашни миленици: Дали кучето може да јаде портокал?

НАЈЛЕСНИОТ НАЧИН ДО ФИТ ТЕЛО Ослабете за четири дена со помош на „палента диетата“