Во текот на денешниот Скопски маратон, еден момент посебно привлече внимание и предизвика многу позитивни реакции.
Мајка одлучи да ја претвори своето учество на маратонот во уникатна семејна приказна, трчајќи со своето мало дете во количка. Со оваа одлука, таа покажа дека за неа овој предизвик е многу повеќе од само спортски натпревар – тоа е можност да ги сподели најуубавите моменти со своето дете.
Додека околу неа се движеле илјадници учесници со различни цели и амбиции, сцената со мајката и детето навистина пленела. Наместо резултатот од трката, во фокусот изникнала упорноста, љубовта и желбата да се стигне до целта заедно.
Не е познато на кое место ќе заврши, но често, во вакви моменти, пласманот не е најважен. Самото учество и напорите кои ги вложува заедно со своето дете се доволна причина оваа сцена да остане запаметена. Скопскиот маратон секоја година носи уникатни приказни, од професионални тркачи до рекреативци, кои трчаат за лични цели или за здравје.
Но, токму ваквите човечки моменти покажуваат дека маратонот е повеќе од само трчање. Тој претставува приказна за упорноста, мотивацијата и љубовта за луѓето кои имаат свои причини за трчање.
Мајката, трчајќи со своето дете, испрати важна порака – понекогаш најголемата победа не е медалот, туку патот што го поминувате заедно. Огромна почит за силата и истрајноста!

