in

Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија во Калифорнија

Американската пејачка Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо стапија во брак и ја заокружија својата љубов со интимна свадбена церемонија во Палм Спрингс, Калифорнија, на 21 ноември. На прославата присуствувале семејството и најблиските пријатели на двојката.

Веста привлече големо внимание откако се појавија првите фотографии од свадбата. На нив Мајли и Макс се прегрнуваат и се бакнуваат, а во заднина се гледаат раскошни бели цветни декорации.

За овој важен ден, пејачката избрала елегантна свилена венчаница со долги ракави, отворен грб и впечатлива влечка, дело на Ентони Вакарело за модната куќа „Сен Лоран“. И младоженецот носел стилска комбинација од истата модна марка.

Меѓу присутните биле и мајката на Мајли, Тиш, нејзиниот татко Били Реј Сајрус и сестрата Ноа. Според медиумските извештаи, церемонијата се одржала покрај базен, под цветен свод украсен со бели цвеќиња.

Љубовната приказна на Мајли и Макс започнала во 2021 година, кога се запознале преку заеднички пријатели. Со текот на времето нивната врска станала сè посериозна, а во 2025 година Макс ја запросил Мајли за време на нивното патување во Јапонија.

Макс Морандо е тапанар во рок-групата „Liily“, а со Сајрус соработувал и на нејзината музика.

За Мајли ова е втор брак. Таа претходно беше мажена за актерот Лијам Хемсворт, со кого се венча во 2018 година, но бракот подоцна заврши со развод.

По пет години љубов, Мајли и Макс го направија следниот голем чекор и започнаа ново поглавје во заедничкиот живот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Јаник Синер ќе мора на операција, а настапот на Австралија опен е неизвесен

Џенифер Лопез ги покажа своите свршенички прстени и најави дека колекцијата ќе се прошири