Меган Фокс повторно е во центарот на вниманието на интернетот, а коментарите и шпекулациите не стивнуваат.
На социјалните мрежи се споделува видео од неа, во кое таа разговара со режисерката Карин Кусама за нивните омилени филмови. Иако видеото беше објавено на почетокот на октомври, многумина забележаа дека Меган изгледа значително поразлично од порано, што предизвика лавина од реакции и интерпретации.
Некои корисници коментираа дека таа можеби направила нови естетски зафати, а дури и ја споредуваа со ликот Џигсо од серијата „Saw“.
Сепак, важен детал остана незабележан – видеото всушност не е ново. Иако беше објавено од Letterboxd неодамна, интервјуто е снимено во октомври 2025 година, речиси една година пред повторното појавување во јавноста. Во тоа време, Меган ја добила својата четврта ќерка, Сага, родена во март 2025 година, а таа самата периодот по породувањето го опиша како тежок и заморен.
Исто така, изгледот на некоја личност на видео може да варира поради аголот на камерата, осветлувањето, шминката, фризурата и обработката. Некои од споредбите што кружат на интернет биле и дигитално изменети. Иако Меган претходно зборуваше за естетските процедури што ги имала, засега нема потврда за било каква нова операција или зафат.
Во меѓувреме, интернетот продолжува да анализира секој детал од нејзиниот изглед, а некои фанови апелираат да не ја оценуваме само по физичкиот изглед.

