Излегувањето на сонце без крема со заштитен фактор може да има непријатни последици како опасни изгореници.
Британката Синди Ален-Стјуарт тоа го доживеала од прва рака откако отишла на плажа. Иако нанела крема за сончање, нејзината чувствителна кожа изгорела, а грбот и бил црвен и воспален, пренесува британски The Sun.
Во потрага по решение, Синди добила совет од својата свекрва кој изгледал многу необично. Нанесете пена за бричење на изгорениците и оставете половина час – и рекла свекрвата.
„Пената ќе почне да ја извлекува температурата од кожата. Не грижете се ако вашата кожа почне да ве чеша, токму така функционира пената за бричење на воспалената кожа. А кога ќе почувствувате студ на изгорениот дел од кожата, тоа е исто така добар знак. Ментолот од пената за бричење ја лади кожата и ја намалува температурата“, напишала Синди на својот профил.
Иако била скептична, Синди забележала подобрување, но и била советувана да ја повтори постапката доколку изгорениците и понатаму се присутни следниот ден.
Сепак, важно е да се напомене дека овој трик не треба да се смета за замена за заштита од сонце. Кремот за сончање е сè уште апсолутно неопходен кога излегува на сонце, а Синди открила дека трикот со пена за бричење и помогнал откако изгорела. Сподели дека претходно користела гел од алое, но признала дека трикот со пена се покажал како поефикасен, пренесува Крстарица.



GIPHY App Key not set. Please check settings