Во неодамнешното интервју за странски медиуми, американската голферка со хрватски корени, Пејџ Спиранац изјави дека жали за пропаднатата спортска кариера.


Пејџ, која минатата година машкиот магазин „Максим“ ја прогласи за најатрактивна спортистка, изјави дека најголемата пречка во нејзината кариера е нејзиното ментално здравје.
“Колку и да се трудев, колку и да јадев, спиев, тренирав, не ги видов резултатите. А тоа многу влијаеше на мојата психа”, рекла Пејџ и додала дека по неколку години напор морала да запре.
Голфот е спорт, вели таа, каде што има поголема веројатност да не успееш отколку да успееш:
Дополнително, јавниот притисок и очекувањата на околината уште повеќе ме исцрпија. Едноставно морав да ја прекинам тортурата“, вели Пејџ, а пренесува „Марка“.
Пејџ до ден денес по долго време не може да се „помири“ дека потфрлила во светот на спортот, барем не во класична смисла.
„Отсекогаш сум сакал професионално да се занимавам со спорт. До денес ме убива тоа што никогаш не успеав.
Сепак, вели Пејџ, има и „светлина на крајот од тунелот“. Таа „добро ја заработи“ својата поранешна спортска кариера, а денес е препознатливо лице на социјалните мрежи. Како што пренесува „Марка“, таа е амбасадорка на настани за голф, а на Инстаграм и ТикТок често им нуди корисни совети на сегашните и идните голфери.



GIPHY App Key not set. Please check settings