in

Научниците пресметале точно до минута: Овој дел од денот е најстресен за повеќето луѓе!

Иако секој дел од денот понекогаш може да биде стресен, експертите успеале да пресметаат кое време од денот е најстресно за повеќето луѓе.

Како што пишува „The Healthy“, истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во кое учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честиот таканаречен утрински стрес.

Студијата исто така покажа дека има мала разлика во најстресното време од денот во зависност од полот. На првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, првиот индикатор за стрес започнува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.

Овие утрински драми дури можат да ја попречат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.

Според експертите, на утринскиот стрес најчесто влијае тоа што сè не завршуваме навреме во раните утрински часови; сообраќаен метеж, наоѓање паркинг место, подготвување појадок за семејството и подготвување за градинка или работа се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Идеален почеток на денот: Веднаш штом ќе се разбудите, треба да ги испиете овие два пијалоци

Со оваа мала промена, вашите матени јајца ќе бидат совршено сочни и вкусни секој пат!