in

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува!

Од полноќ стапуваат на сила нови цени на горивата согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, цените на бензините ќе се зголемат за еден денар по литар, додека дизелот ќе биде поевтин за 6,5 денари.

Конкретно, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 94 денари за литар, а еуросупер БС-98 по 96 денари.

Новата цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 95 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар по намалување од 3,5 денари.

Цената на мазутот се намалува за 1,166 денари за килограм, што значи дека од сега ќе изнесува 44,410 денари за килограм.

Според информациите од РКЕ, просечните малопродажни цени на нафтените деривати се намалуваат за 2,06 отсто.

Што се однесува до референтните цени на светскиот пазар, бензините бележат раст од 2,212 отсто, додека дизелот има пад од 8,237 отсто. Пад е регистриран и кај екстралесното масло од 4,389 отсто, како и кај мазутот со намалување од 2,793 отсто.

Регулаторната комисија нагласува дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат горивата и по пониски цени од утврдените максимални.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Такси возило излетало од коловозот на мостот „Близнаци“

Октај Сејди ќе биде македонскиот претставник на „Mister International 2026“ во Тајланд!