in

Октај Сејди ќе биде македонскиот претставник на „Mister International 2026“ во Тајланд!

Македонија годинава ќе има свој претставник на еден од најзначајните светски настани посветени на машката убавина. На престижниот избор „Mister International 2026“, што ќе се одржи на 26 септември во Тајланд, нашата земја ќе ја претставува стилистот Октај Сејди.

Веста беше објавена преку официјалниот профил на Miss Macedonia org, каде со гордост беше најавено неговото учество и претставување на Македонија пред меѓународната публика.

Во македонската јавност, Октај не е непознат. Тој со години работи во сферата на убавината како стилист за коса и шминка, соработувајќи со многу познати личности од домашниот јавен живот.

Неговото патување во оваа професија започнало уште во тинејџерските години, кога на само 14 години почнал активно да се занимава со стилизирање на коса, полека градејќи го своето искуство и знаење.

Самодовербата и желбата да создаде нешто свое го довеле до отворањето на својот салон на 20-годишна возраст, каде започнал самостојно да гради својот професионален пат.

Како и секој успех, неговиот пат не бил без предизвици. Сепак, упорноста и посветеноста му овозможиле да стекне препознатливост во домашниот свет на убавината и модата.

Сега, Октај Сејди се подготвува за сосема нов предизвик. Наместо дома, на 26 септември тој ќе се соочи со големата меѓународна сцена во Тајланд, каде ќе му биде задача да ги претстави Македонија и нашите бои на „Mister International 2026“.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува!

ТРАГИЧЕН ИСХОД: Мртви мајка и син пронајдени во Ниш по силен мирис