in

Објавен трејлерот за втората сезона од серијата, кој ја шокираше јавноста со експлицитни сцени, ВИДЕО

Втората сезона на серијата Секс/Живот на Нетфликс е пред нас. Првата сезона беше прикажана во 2021 година и стана неочекуван хит. Собори рекорди на гледаност и заврши доста тензично. И тогаш се зборуваше за втора сезона.

Објавена е и официјалната видео најава за новата сезона. Во тизерот Сара вели:

„Не секој го има тоа, желбата да се разбудат и да престанат да месечарат низ нивните животи.

Сара, Мајк и Адам се уште се во љубовниот триаголник. Втората сезона започнува таму каде што заврши првата – Били на влезната врата од станот на Бред, неговиот поранешен љубовник.

Соопштението завршува со изјавата: „Затоа што еднаш ќе се разбудите, штом еднаш почувствувате макар и мал вкус, нема враќање назад“.

Да потсетиме, серијата следи мајка домаќинка на која и е здодевно во животот, па почнува да ги запишува своите сексуални фантазии со бившиот. секако дека нејзиниот сопруг го наоѓа и го чита сето тоа.

На социјалните мрежи многу се дискутираше за една сцена од серијата Секс/Живот. Имено, во таа сцена беше прикажан потполно гол маж под туш, кога сите гледачи имаа можност да го видат неговиот генитален орган.

Премиерата на втората сезона е закажана за 2 март.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Пако Рабан: Голем моден револуционер, но и човек полн со љубовни тајни кои никој нема да ги знае

ЕВА ЗОШТО ВАШИТЕ НОЗЕ СЕ СЕКОГАШ ЛАДНИ: Има само ЕДНА вистина, мора да ја знаете