in

Откриен уникатен фрагмент од Новиот завет

Историчарот и член на Австриската академија на науките (ÖAW), како и експерт за средниот век, Григори Кесел, откри уникатен фрагмент од превод на Новиот завет стар 1750 години во ватиканската библиотека.

Кесел нашол фрагмент од ракопис од сириски превод од грчки, создаден во третиот век и копиран во шестиот, на ракопис покриен со друг текст. Станува збор за две страници на кои речиси е завршена 12-та глава од Евангелието според Матеј, пишува Dpa.

Ова е единствениот познат остаток од ракописот што сведочи за верзијата на сирискиот превод од грчки и нуди уникатен пристап кон многу раниот период од историјата на пишаното Евангелие, објави ÖAW, пренесува N1.

Пред околу 1.300 години, писар во Палестина го избришал оригиналното евангелие напишано на сириски јазик, објави Академијата.

Со оглед на тоа што во средниот век пергаментот бил многу редок во пустината, ракописите често биле повторно користени.

До неодамна беа познати само три ракописи од старосирискиот превод на евангелијата.

Новопронајдениот фрагмент од ракопис може да се смета за четврти текстуален доказ, објави ÖAW.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за 8 април 2023

Папа Франциск: Сексот е една од најубавите работи што Бог му ги дал на човекот