in

Пепел предизвика пожар во викенд-куќа во Горно Соње

Во скопското село Горно Соње се случил невообичаен инцидент, кога пожар зафатил викенд-куќа и околното зеленило.

Според информации од МВР, на 6 октомври околу 19:50 часот, во СВР Скопје е регистриран пожар во викенд-куќа. Полициските службеници интервенирале и разговарале со 74-годишниот сопственик, Д.М., кој објаснил дека заедно со својата сопруга подготвувале зимница. По завршувањето, тие го истуриле пепелот од ќумбето во близина на куќата и, најверојатно поради остатоци од жар, се запалило. Двајцата заминале, а потоа избувнал пожарот, кој зафатил дел од куќата и тревата.

Среќа во несреќата е што нема повредени, а пожарот бил успешно изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита од Скопје.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Семејството на Халид тешко го поднесува поменот по една година од неговата смрт

Дино Бешлиќ со тешки чувства на гробот на Халид