Црниот чад, кој утрово беше видлив од различни делови на Скопје, не произлегуваше од пожар на Водно.
Пожарот се случил во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој се запалил во близина на Видиковецот.
Густата пушетка предизвика загриженост кај граѓаните, бидејќи чадот беше видлив од голем број локации во градот.
На местото на инцидентот веднаш интервенираа пожарникарите за гаснење на пожарот.


