Египет започнува нови иницијативи за уредување на туристичките активности околу пирамидите во Гиза, со акцент на заштита и благосостојба на животните.
Јавањето камили и коњи, долго време популарна туристичка атракција, сега се соочува со значајни промени. Услугите поврзани со животните се структуираат на нов начин. Во овој процес, се воведуваат построги правила со цел да се подобрат условите за животните и да се обезбеди подобро искуство за посетителите.
Овие промени се дел од поширокиот план за модернизација на платото во Гиза, во кој ќе се користат електрични возила и автобуси за превоз на туристи низ комплексот. Целта е да се намалат гужвите, загадувањето и хаотичниот сообраќај во близина на археолошките локалитети.
Прашањето за користењето камили и коњи за туристички цели со години е предмет на критики од страна на организации кои штитат животни. Тие укажуваат на случаи кога животните биле изложени на екстремни температури, исцрпеност и неприфатливи работни услови.
Во последно време, Египет започна програми за подобрување на грижата овој вид животни, вклучувајќи ветеринарни прегледи и мерки против малтретирање.
Иако на социјалните мрежи се шири информацијата за забрана на јавање камили и коњи, официјалните извори посочуваат на постепено ограничување и реорганизација на услугите, а не на целосно укинување.
Целта на овие промени е да се создаде помодерен и уреден туристички систем на платото во Гиза, со поголемо внимание на заштита на животните.


