in

Ретки близнаци слонови родени во Тајланд, добија благослов од будистички монаси

Будистичките монаси во Тајланд денеска благословија слон близнаци, машки и женски, една недела по нивното тешко раѓање.

Нивната мајка, слонот Чамчури, роди близнаци на 7 јуни во камп во античката престолнина на Тајланд Ајутаја, популарна туристичка дестинација 80 километри северно од Бангкок, пренесува АП.

Бременоста со близнаци кај слоновите е ретка, а близнаците каде што едното е машко, а другото женско се уште поретки. Тајландската влада соопшти дека тие се само трет таков пар во светот.

Според чуварот на слонови во споменатиот камп, второто младенче се родило 18 минути по првиот.

„Махутите“, односно чуварите на слонови, морале брзо да реагираат за да ја спречат мајката случајно да го повреди своето бебе, а еден од нив, Шарин Сомванг, ја скршил ногата обидувајќи се да застане меѓу нив.

Слоновите се голем дел од националниот идентитет на Тајланд и официјално се прогласени за симбол на нацијата.

Белиот слон, кој се сметаше за свет симбол на кралската моќ, беше на тајландското национално знаме до 1917 година.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

За Цеца не сакаат ни во Сараево, ни во Тузла да слушнат: Победничката на ЅГ извисен на концерт, се огласи сопругот, ги откри деталите, ја вклучи власта

Претседателот на Боцвана и се закани на Германија: Ќе ви испратиме 20.000 слонови ако забраните увоз на трофеи