Директорот на Hype телевизија, Саша Мирковиќ, објави ново видео во кое јасно ги искажа своите ставови кон оние кои се обидуваат да ја поврзат неговата работа со политиката.
Мирковиќ истакна дека не се занимава со политика, но дека има свои размислувања. Тој ја опиша Hype продукција како компанија која активно работи во целиот регион и нагласи дека ги почитува сите луѓе, без оглед на вера, нација или боја на кожа.
Тој посочи дека принципите на почитување мора да важат и за сите соработници на Hype продукција. “Сите кои работат со нас мораат да ги почитуваат овие вредности, инаку не можат да соработуваат”, додаде тој.
Мирковиќ се осврна и на својата одлука да не присуствува на Сараевскиот филмски фестивал, поради присуството на луѓе кои шират национална нетрпеливост. Тој потврдил дека Hype не сака да биде дел од било какви поделби, било тие национални, верски или други.
Според него, важно е да се разликува приватното мислење од јавното изразување, особено ако тоа во себе вклучува навредување на припадниците на различни нации. “Секој има право на свое мислење, но тие што јавно навредуваат други не можат да очекуваат соработка со Hype”, заклучи Мирковиќ.
На крајот, повтори дека Hype продукција ќе продолжи да ги почитува сите луѓе, независно од нивната припадност.


