Страшна трагедија го прекинала одморот на мајка и ќерка од Сараево, кои се наоѓале во црногорското место Добра Вода.
Според информации од порталот „Аваз“, прва починала ќерката, а само еден час подоцна и нејзината мајка.
Обдукцијата покажала дека причината за смртта на двете жени била срцев застој. Трагичниот случај е пријавен во надлежните служби и се спроведува истрага за утврдување на околностите околу смртните случаи.
Црногорската полиција потврдиле дека во случајот нема елементи на кривично дело и дека станува збор за природна смрт.
Оваа трагедија оставила семејство и блиски во длабока болка, а мајката и ќерката, наместо да се вратат во Сараево, трагично го загубиле животот во истиот ден.


