in

Денес се слави Светиот маченик Андреј Стратилат – Војвода кој пострада за верата во Христа!

Православните верници денес, 1 септември, го чествуваат празникот посветен на Светиот маченик Андреј Стратилат, познат и како Андреј Војвода.

Според преданијата, Андреј бил офицер-трибун во римската војска за време на царот Максимијан. Роден во Сирија, бил назначен за војвода и му била доверена војска за да се бори против персиските сили.

Иако не бил крстен, Андреј тајно верувал во Христа. Пред една битка, ги повикал своите војници да се помолат на единствениот вистински Бог, и охрабрени од неговата вера, тие ја победиле персиската војска.

По враќањето во Антиохија, Андреј бил обвинет дека е христијанин и пуштен пред царскиот намесник. Јасно ја изразил својата вера во Христа, по што бил мачен и затворен.

Откако дознал за наредбата на царот да биде ослободен, но подоцна убиен, Андреј со своите верни војници заминал кон Тарс, каде, според житието, сите биле крстени од епископот Петар.

Тие продолжиле кон ерменската планина Таврос. Додека биле на молитва, пристигнала римска војска и ги убила Андреј и неговите војници. Според христијанското предание, никој од нив не се бранел, туку сите биле подготвени да страдаат за својата вера.

Sвети Андреј Стратилат и неговите соборци се сметаат за маченици кои го посветиле својот живот на христијанската вера. Нивниот спомен во православната традиција се одбележува на 1 септември.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Споредлжана мистерија: по 30 години прогласен виновниот за убиството на Тупак

Трагедија во Црна Гора: Мајка и ќерка починале во ист ден на одмор