in

Се шират шпекулации за проблеми во бракот на Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ

Бракот на српските актери Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ повторно се најде во фокусот на јавноста, откако во медиумите се појавија нови наводи за несогласувања меѓу нив.

Според пишувањата на српските медиуми и тврдењата на извор близок до двојката, тие наводно имаат различни погледи на животот и на тоа како треба да изгледа нивната иднина. Токму тие разлики, како што се наведува, довеле до меѓусебно оддалечување.

Слобода, наводно, сака да патува, да се дружи и да ужива во животот, додека Војин претпочита посмирено секојдневие. Според истите наводи, тој најмногу ја цени приватноста и времето поминато далеку од градската гужва. Изворот тврди дека Војин веќе подолго време живее мирно, дека премногу се грижи за сè и дека често паничи без причина, што на Слобода ѝ здосадило. Таа, како што се наведува, смета дека сега е во најдобрите години и сака да живее исполнет живот, да излегува и да патува, додека тој не го сака тоа. Војин, според истиот извор, сака да седи дома, да има свој мир и често престојува во викендичката, каде што се осамува, а Слобода излегува и се забавува. Иако, како што се тврди, сè уште се официјално во брак, секој од нив наводно оди по свој пат.

Дополнителни сомнежи предизвикаа и информациите дека живеат на различни адреси. Според „Курир“, Војин и понатаму може да се сретне во станот во Нов Белград, додека Слобода, според соседите, престојува во другиот семеен стан во Земун. Еден сосед изјавил дека актерот често го гледа, но Слобода одамна не ја сретнал. Тој додал дека во маалото се зборува за развод, но никој ништо не знае со сигурност, иако се надева дека станува збор само за минлива криза. Според него, Војин често е во викендичката во Чортановци, а Слобода речиси цело лето не се појавила во соседството.

Во текот на летото, Слобода и Војин навистина биле на различни дестинации. Актерката патувала на Миконос, во Требиње, Црна Гора и Лондон, додека Војин дел од летото го поминал во Црна Гора и во викендичката во Чортановци, каде што наоѓа мир далеку од градската врева. Токму тие одвоени патувања дополнително ги засилиле шпекулациите за нивниот брак.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ важат за еден од најпознатите актерски парови во регионот. Во брак се од 2008 година и имаат две ќерки.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Двајца мажи завршиле на психијатриско лекување по нагло прекинување на лек за слабеење