Ниту една поза во сексот не добила култен статус како онаа која на едниот и на другиот партнер му пружа истовремено задоволство, а тоа е позата 69.
Иако не е секогаш на врвот на листата на најпопуларни пози за достигнување кулминација, со добра волја и опуштено тело, покрај тоа што задоволството нема да изостане, лесно може истовремено да ве задоволи .
ЗА И ПРОТИВ
Предноста на позата 69 е што и двајцата партнери имаат можност истовремено да почувствуваат големо задоволство. А тоа, иако звучи контрадикторно, е и нејзината најголема мана. Имено, фактот што и двајцата партнери имаат можност да се препуштат на задоволството од оралниот секс може да доведе до тоа некој од партнерите да го стави своето задоволство на прво место.
БЕЗ ЗАДРЖУВАЊЕ
Ако се одлучите за оваа поза, не бидете срамежливи. Испробајте ги сите движења на кои можете да помислите и успехот е загарантиран. За да додадете уште поголема возбуда, пробајте различни ’фризури’ кои сигурно нема да останат незабележани. А бидејќи оваа поза е многу еротска, жените треба да бидат внимателни – експертите препорачуваат мажите прво да ја започнат играта.
КОЈ Е КАДЕ?
При изведувањето на оваа поза, жените треба да бидат под мажот – така многу полесно ќе ја задоволите, а таа повеќе ќе ужива. Исто така, подобро е да се користат рацете за време на стимулацијата.
УДОБНОСТ
Многу важен елемент е удобноста. Слободно користете повеќе перници за поддршка на одредени делови од телото. Колку ви е поудобно, толку полесно ќе се опуштите. Исто така, бидете опуштени – колку сте пофлексибилни, толку повеќе пози можете да пробате и подолго да останете во нив. Ако вашето тело е вкочането, не само што нема да ги доживеете сите придобивки од оваа поза, туку ќе ви биде непријатно, па дури и болно.



GIPHY App Key not set. Please check settings