Атрактивната пејачка Софија Манева повторно беше гостинка на Hype телевизија, каде што во ексклузивно интервју зборуваше за својот најнов музички проект, обработката на класичната песна „Лигав тип“. Оваа песна, која првично беше објавена пред 18 години, има посебна важност за Софија, бидејќи е авторско дело на нејзиниот татко.
Новата верзија на песната носи современа енергија и звук, но ја задржува оригиналната приказна, која и денес звучи актуелно. Разговорот се фокусираше и на темата на „лигавите типови“, а Софија се запраша дали во минатото имало повеќе такви мажи или денес ситуацијата е уште полигава.
Таа дискутираше и дали може веднаш да препознае лигав тип, или понекогаш и најдобрите „мајстори“ на додворување се способни да се маскираат зад добар прв впечаток. Софија одговори на тоа како искуството ја научило да ги разликува тие карактери уште при првата средба.
Во интеревјуто, таа откри детали за новата верзија на песната и спотот, а исто така спомена и односите помеѓу мажите и жените, современите стратегии за додворување и како се промениле љубовните односи со текот на времето.

