По пауза од сцената, атрактивната Софија Манива подготвува нешто што ќе привлече големо внимание! Таа го оживува својот голем хит „Лигав тип“, песна која пред 18 години ја одбележа нејзината кариера и стана еден од нејзините најпрепознатливи проекти.
Новата верзија на „Лигав тип“ добива модерен аранжман и звук, прилагоден на актуелните трендови и вкусот на помладата публика. Софија истакнува дека нејзините настапи низ Македонија покажале дека денес поголемиот дел од слушателите се помладите генерации, кои не ја имале можноста да ја слушнат оваа песна кога беше хит.
Таа додава дека денес има многу повеќе „лигави типови“ отколку пред 18 години и дека вистинските мажи се сè потешко наоѓаат. Од оваа причина, смета дека пораката на песната сега е пожива од кога било!
„Секојдневно ги среќаваме различни профили на ’лигави типови‘. Ги има насекаде, и верувам дека многу девојки и жени ќе се пронајдат во пораката на песната“, вели Софија.
Таа не крие дека целта е старата песна да се доближи до новата генерација, без да се изгуби нејзината суштина и магија. Новиот звук доаѓа со интересен видеозапис во кој Софија ќе ги „одбира“ своите типови, правејќи приказната уште поинтересна. Прашањето е кој ќе успее да го привлече нејзиното внимание и дали на крајот ќе се појави тој вистинскиот за неа.
Одговорот, како и целата нова приказна за „Лигав тип“, наскоро ќе биде познат!
Едно е сигурно – Софија Манива е подготвена повторно да ја размрда музичката сцена и да докаже дека вистинските хитовите не стареат, туку добиваат нов живот!


