Денеска во Македонија се очекува сончево и топло време, со утрински температури од 8 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени.
Во Скопје време ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер, при што максималната температура ќе достигне околу 34 степени.
Слични временски услови ќе бидат и во вторник, додека од среда ќе дојде до промена. Во текот на неделата, се предвидуваат периоди на нестабилно време со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
Затоа, искористете го сончевото и топло време денеска и утре, бидејќи од среда времето ќе биде посвежо и понестабилно.

