in

Совети за намалување на воспалението после вежбање

Ако некогаш сте направиле долга пауза од тренинзите, немојте да се изненадите ако почувствувате болки во мускулите и воспаление во вашето тело следниот ден откако ќе се вратите на физичката активност.

Воспалението е составен дел од процесот на заздравување на мускулите, бидејќи протокот на крв во областа се зголемува, што обезбедува повеќе хранливи материи и фактори за раст неопходни за обновување на нашите клетки.

Меѓутоа, како што пишува „Your foot docs“, доколку долго време имате воспаление, тоа може да биде и знак дека во тој момент му ставате премногу стрес на телото. Во секој случај, доколку имате воспаление, обидете се со следните совети за да ја намалите болката што ја чувствувате.

Ладни облоги

Ова е класична форма на терапија. Се што треба да направите е да ставите ладна облога на стапалата или глуждовите и да ја држите 15 до 20 минути. Многу е важно изворот на студ да не го допира центарот на повредата, бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од оштетување на кожата. Најдобро би било подлогата да ја завиткате во тенок пешкир или крпа пред да ја поставите на кожата.

Сол на минимум

Зголемениот внес на сол во телото после силен тренинг може дополнително да го влоши воспалението. Идеално, внесот на сол треба да биде под 1.500 mg, што е околу две третини од една кафена лажичка, но секогаш консултирајте се со лекар за здрава количина на внес на сол.

Хидратацијата е важна

Ако го зголемите внесот на течности повеќе отколку што обично го правите, можете да ги елиминирате воспалителните предизвикувачи во телото. Иако се препорачуваат осум чаши вода дневно, доколку страдате од воспаленија, таа бројка нека биде поголема.

Не прескокнувајте загревање и истегнување

Доколку сте решиле да продолжите со тренингот и покрај воспалението што го имате, тогаш не смеете да го занемарите загревањето пред тренинг, ниту истегнувањето после него. Ова ќе му помогне на телото подобро да се бори против воспалението.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ги правите овие грешки за време на бакнувањето? Еве на што треба да обрнете внимание!

Прстените на Елвис Присли на аукција