Маж (65) спиел на плажата Њуел во Австралија каде кампувал, а потоа наеднаш почувствувал болка во петицата. Кога ги отворил очите видел огромен крокодил како ја држи ногата во устата.
Било околу 21 часот кога мажот се разбудил со страшни болки. Неговиот крик го привлече вниманието на околните луѓе, па веднаш притрчаа да му помогнат, пишува Дејли Мејл.
– Среќа е што во близина на плажата имаше луѓе, кои веднаш дојдоа да му помогнат и го однесоа во болница – изјави Ворен Фарвеј, кој е одговорен за кампот, додавајќи дека на мажот му се повредени двете нозе.

Лекарите му ги згрижиле раните кои за среќа не биле толку сериозни. Несреќниот човек не морал да преноќи во болница, туку веднаш бил испратен дома.
Сопственикот на блиското кафуле на плажа, Питер Кап, рекол дека крокодилот живее во областа каде што бил нападнат човекот, па се движи по брегот.



GIPHY App Key not set. Please check settings