in ,

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, ЕВЕ КАКО. Седум трикови за заведување кои никогаш не стареат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, однапред сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед.

Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување.

Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови на кои мажите не можат да одолеат.

1. Контактот со очи не е само главниот знак на вашиот интерес, туку ве прави попривлечни. Истражувањата дури покажуваат дека континуираниот контакт со очи со странец во текот на две минути доведува до зголемено чувство на страст.

2. Допирот за време на флерт има голема моќ. Пријателскиот допир најчесто е на рамото, заводлив околу половината или подлактицата, а особено предизвикува оној на лицето. Само најхрабрите ќе ги отстранат влакната од лицето на личноста што и’ се допаѓа, ќе и’ отстранат наводно падната трепка и слично.

3. Мажите сакаат предизвик, затоа бидете малку мистериозни и тешко достапни, па тој ќе се труди повеќе. Но, во исто време, продолжете да го покажувате вашиот интерес за него.

4. Колку вашиот глас е посекси, помистичен, толку се поголеми шансите да го освоите спротивниот пол.

5. Позаводлив изглед се добива кога малку ќе ја навалите главата нанапред, така што личноста ќе ја погледнете малку од дното нагоре. Ова создава поженствен изглед што мажите го сакаат.

6. Носете нешто црвено затоа што двете бои привлекуваат најмногу внимание и симболизираат љубов и страст – црвен кармин, црвен фустан..

7. Покажете самодоверба. Мажите претпочитаат жени кои се храбри и знаат што сакаат.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

КЕТО ДИЕТА ЗА СИТЕ ОНИ КОИ САКААТ ТРАЈНО ДА ГИ НАМАЛАТ КИЛОГРАМИТЕ: Детални упатства и мени за 7 дена

„ТикТок“ хакиран, две милијарди податоци на корисници се загрозени? Некои корисници добиваа предупредувања