Ева Бергер пораснала во строго религиозно домаќинство, а открила како и покрај тоа на интернет ја продала невиноста на своето момче на 21 година за помалку од 300 евра.
Руската убавица, некогаш професорка по литература, првиот бакнеж го имала на 19 години, а како тинејџерка и’ било забрането да зборува за интимни врски . Таа искрено проговори и за своите први искуства.
Да вистина е. Имав 21 или 22 години. Мојата прва љубов и првиот дечко не сакаа да имаат интимни односи со мене. Станав фрустрирана и уморна од мојата невиност. Решив да се средам и да се извлечам од тоа. Најдов човек на Интернет. Се договоривме за цена од околу 200 или 300 евра. Отидов во хотелот и тој само го направи тоа, тоа е сè.- рекла таа.
,,Се чувствував слободна. Повеќе не морав да го чекам принцот или љубовта на мојот живот. Се чувствував како жена.” – рече таа.
Денес, Ева е инфлуенсер со 51.000 следбеници на Инстаграм. Таа моментално живее во Будимпешта, но некогаш била студентка без пари и работела како администратор во теретана во Санкт Петербург.
Живеев во мал град и потекнував од многу религиозно семејство каде не разговаравме за интимни односи. Немав големо искуство во врски или било каков вид на интимно образование и навистина го сакав тоа, вели таа.
Таа истакна дека го изгубила својот татко додека била студент, па тврди дека во тој период навистина и’ било потребно машко внимание, што ја натерало да ја продаде својата невиност и да се ослободи.



GIPHY App Key not set. Please check settings