in

Тежок инцидент во Аеродром: Приведено 18-годишно момче по повреда на 16-годишник

Во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите „Скопје 2023“ и „Работнички“, се случил инцидент во кој е повредено 16-годишно момче. Полицијата приведела 18-годишен М.М. од Скопје, кој бил дел од навивачката група „Фемили Аеродром“.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, осомничениот поттикнувал насилство и учествувал во физичката пресметка. Група од околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнала приближно 50 навивачи на „Работнички“, кои чекале да влезат на натпреварот.

Најтешко повреден е 16-годишникот, кој по инцидентот бил пренесен во Ургентниот центар со сериозни телесни повреди. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Шест возачи приведени: возеле под дејство на алкохол и без дозвола

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Изгореа автобуси, гаражи и канцеларии, десетици пожарникари се трудат да го контролираат огнот!