Охрид беше потресен од трагичен настан, откако еден маж на возраст од 57 години го загуби животот во несреќа во Охридското Езеро.
Според информациите од СВР Охрид, инцидентот бил пријавен на 10 октомври околу 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Кануто со кое управувал мажот се превртело во близина на месноста „Извиднички“, на отприлика 200 метри од брегот.
На местото на несреќата веднаш биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, но докторот само можел да потврди смрт.
Полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

