Скопското астрономско друштво ве поканува вечерва да го набљудувате метеорскиот дожд Персиди.
Како што велат, овој пат ќе бидат на Рудине, над браната Козјак, на околу 100 метри западно од ресторанот Аурора, од полноќ до утро.
Тие на својата веб страница објавија и како најдобро може да се гледа овој спектакл на небото.
Како што велат, потребно е што е потемно место кое е подобро.
„До колку сте во град ќе морате да одите малку подалеку на некое место каде нема сијалици ниту некое значително свелосно загадување. Ако веќе имате и неможете да избегнете некое светло гледајте барем да не гледате во таа насока туку во дел од небо каде е најтемно. Метеори се набљудуват со голото око без помош на двоглед или телескоп. Можете да си најдете некоја столица или лежалка, да се облечете потопло и да се свртите кон најтемен дел од небото и да уживате во ѕвезди што паѓаат“, велат тие.
Тие велат дека доколку имате фотоапарат, поставете го на статив, одберете некој широко-аголен објектив и ставете на што пошироко видно поле. Одберете ISO околу 3000 и експозиција од најповеќе 30 секунди. И обавезно добро ФОКУСИРАЈТЕ.



GIPHY App Key not set. Please check settings