in

ВИДЕО Астероид целосно го осветли небото, а потоа изгоре над Филипините!

Над островот Лузон на Филипините, изгоре астероид кој беше откриен само неколку часа пред да влезе во атмосферата на Земјата.

Астероид со пречник од еден метар е откриен од проектот Catalina Sky Survey на НАСА и веднаш било јасно дека поради големината не претставува никаква закана, односно дека ќе изгори во атмосферата.

Но, што ако станува збор за поголем вселенски објект?

Ова е само деветти пат да откриеме астероид пред да стигне до Земјата, иако Европската вселенска агенција (ESA) вели дека астероид од еден метар удира на нашата планета на секои две недели.

Сепак, тоа е помал објект. Кога би бил многу поголем, би бил „посветол“, односно би рефлектирал повеќе светлина и би го откриле многу порано – освен ако не доаѓа од правец на Сонцето, што би можело да го сокрие со својот сјај, пишува Универзум. Денес.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Марио Арангеловски: Ако јас, со редовни примања, немам храброст да подигнам станбен кредит, како ли некој со минимални примања го доживува тоа осамосталување?

Остров на кој живеат шест пати повеќе мачки отколку луѓе, а не смеат кучиња