Фарис Фејзиќ е 12-годишно момче кое секоја сабота пред стадионот Кошево продава овошје и зеленчук за само една цел, а тоа е да им помогне на своите болни родители.
Неговата мајка боледува од рак, додека татко му е срцев пациент, а Фарис на овој начин се обидува да им помогне на родителите да купат лекови.
Како што кажа и самиот, продажбата оди добро. Исто така, им помага на родителите во производството на овошје и зеленчук и во самата жетва; а потоа на својот штанд продава домати, краставици, компири, сливи, пиперки, пченка и кромид.
“Свежа стока, свежа!” и “Дома, дома!” им извикува на возачите на автомобили кои минуваат.
Погледнете како изгледа една од саботите на Фарис во Сараево во видеото подолу.



GIPHY App Key not set. Please check settings