Мајмун зависник од алкохол краде шишиња со пијалоци од продавници во Индија, пренесува „Индија тајмс“. Инцидентот е од индискиот град Раи Барели во државата Утар Прадеш.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како мајмунот пие стомни со пиво.
Локалниот функционер Раџендра Пратап Синг рече дека прават се што е можно за да го фатат животното.
Сопственик на продавница се пожалил на мајмунот бидејќи станувал агресивен ако некој се обидел да го спречи да земе шише алкохол.
Имаше дури и случаи кога животното украло пијалоци купени од клиенти.


GIPHY App Key not set. Please check settings