in

Во Јапонија е откриен нов вид орхидеи што личи на стакло

Јапонските научници открија нов вид орхидеи, чии нежни розови и бели цветови наликуваат на стакло.

И покрај неговото присуство во парковите и градините низ Јапонија, на истражувачите од Универзитетот Коби им беа потребни десет години да потврдат дека растението (spiranthes hachijoensis), понекогаш наречено „женска плетенка“ поради сличноста со прамени коса, е претходно непознат вид.„Беше изненадување да се открие нов вид орхидеи, што е толку вообичаено што може да се види во парковите, градините и меѓу саксиите со цвеќиња“, вели истражувачот Кенџи Суетсугу.

Според него, растението има нежни цветови кои наликуваат на стаклени предмети и одамна е ценет цвет.

Растението со своите спирални цветови се споменува дури и во најстарата јапонска антологија на песни „Манџошу“, која датира од осмиот век.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат

Добро е да се биде во врска со жена која сака да чита книги – добро памти детали и сочувствува