Раперот Ненад Маринковиќ Гастоз поради повреда на ногата заврши во Ургентниот центар.
Откако го прегледале, му ставиле гипс и му ја преврзале ногата, а потоа го пуштиле на домашно лекување.

Гастоз сега се огласи преку Инстаграм и објави што му се случило:
- Имам должност да се јавам и да кажам дека сум добро и дека ситуацијата е таква каква што е… Сите што ме познаваат знаат дека левата нога долго време ми претставува проблем, а јас скокнав со сета тежина од половина метар до трева и ми ги скина лигаментите и сега ми останува само да ја гледам мојата Лепа и да седам дома цело лето – напиша Ненад и додаде:
- Едноставно неверојатно, прекрасно, чудно! Сакај брат! – напиша во објавата Ненад Маринковиќ Гастоз.



GIPHY App Key not set. Please check settings