37-годишна жена, која летувала во санаториум во Омск, се удавила за време на натпревар во јадење палачинки организиран по повод рускиот празник Масленица, пренесува Тас.
На местото на настанот пристигнала брза помош, но жената починала.
Надлежните соопштија дека во тек е проверка на извештајот за смртта, а според информациите од социјалните мрежи се работи за санаториумот „Комуналац“ каде вчера се одржал натпревар во јадење палачинки.
Масленица е руски празник кој го означува крајот на зимата и почетокот на Велигденскиот пост. По тој повод, во текот на целата недела, последната во февруари, се прават палачинки, разни колачи, се организираат забави со народна музика и игра.



GIPHY App Key not set. Please check settings