in

ЗОШТО ЖЕНИТЕ НАЈЧЕСТО ДОЖИВУВААТ ОРГАЗАМ СО МАЖИ КОИ ИМААТ ПАР: Научниците објаснија

Истражувањето спроведено на жени во моногамни врски покажало дека постои одреден тип на маж кој е најдобар за секс. Всушност, сексот со нив е загарантиран!

Научниците открија тип на мажи со кои жените најчесто ја достигнуваат кулминацијата. Обемното истражување спроведено на жени кои се во врска не помалку од половина година покажа дека три фактори се клучни, а еден дефинитивно ќе ве изненади. И не, не се работи за големината на неговиот „алат“…

Според истражувачите, шансите жените да доживеат оргазам во хетеросексуална врска се зголемуваат доколку предметот на нивниот интерес има самодоверба. Како што објаснуваат психолозите, жените ја доживуваат оваа особина како мажествено, мажот кој е сигурен во себе го гледаат како алфа мажјак, а тоа е нешто што многу ја поттикнува сексуалната желба.

Вториот фактор, кој е целосно изненадување, е висината на приходите. Психолозите овде даваат слично објаснување како и за самодовербата. Жените гледаат на финансиски стабилен маж, односно оној кој има приход поголем од себе, како силна и мажествена фигура.

Секако, сето тоа паѓа во вода доколку меѓу партнерите нема привлечност, што во голема мера зависи од физичките карактеристики. И тука доаѓаме до третиот фактор. Од сите атрибути кои ги забележуваат кај мажот и им се привлечни, излегува дека оргазам најчесто го доживуваат со оние кои имаат широки раменици.

Зошто? Научниците истакнуваат дека жените ги поврзуваат широките раменици со повисоко ниво на тестостерон, а мажите со таква градба оставаат впечаток на „заштитник“, што исто така им е привлечно.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Заборавете на сè што ви е кажано, ова е единствената вештина што треба да ја имате за да имате одличен се*с

Дневен хороскоп за 4 март 2023 година!