in

1,6 милијарди евра потрошени на игри на среќа во првата половина од годината

Иако се спроведуваат мерки за преместување на објектите за игри на среќа подалеку од училиштата и образовните установи, интересот за коцкање и обложување во Македонија останува на високо ниво.

Според статистиката на Управата за јавни приходи, за првите шест месеци од оваа година биле потрошени речиси 1,6 милијарди евра за игри на среќа, вклучувајќи уплати од домашни и странски играчи.

Најголем дел од овие средства се однесува на електронските игри на среќа, а значајни суми продолжуваат да се вложуваат и во казината и обложувалниците.

Податоците за високата потрошувачка доаѓаат во време кога стапуваат на сила мерките за оддалечување на објектите за игри од образовните институции.

Сепак, приредувачите на игри на среќа изразуваат загриженост и предупредуваат дека пренасочувањето на објектите не значи автоматски и намалување на бројот на коцкари. Тие сметаат дека играчите можеби ќе се впуштат во нелегални игри без никаков надзор и контрола.

Статистичките податоци покажуваат дека игрите на среќа се значаен сектор со огромен финансиски обем во Македонија.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Ђоковиќ по седмата титула во Пекинг: “Кога сум во добра форма, можам да победам секого!”

Боби Павловски ја објави новата песна “Сам”