„Толпа луѓе нигде човек, душа празна налик јак, да одам, ќе морам, со себе се борам, пат да створам без тебе сам…“ – со оваа емоционална вест, Боби Павловски најавува нова ера во својата музичка кариера со песната “Сам”.
Павловски ја објави песната на македонски јазик, која претставува значаен чекор напред во неговото творештво. “Сам” е не само нова песна, туку и почеток на нов македонски албум. „Некои песни носат дел од емоцијата и моментите што ги создаваат“, изјави Павловски.
Музиката и аранжманот се дело на Роберт Билбилов, додека текстот е напишан од Кристина Станоески. За видеото е задолжен Зоран Стојановски – Зонде.
Со ова, Павловски официјално влегува во нова фаза на своето творештво, ослободен од српскиот јазик, со нов звук и енергија што ја носи следниот период во неговото музичко патување.


