На грчкиот остров Закинтос, полицијата привела 63-годишна жена осомничена за усмртење на мачка, за што ѝ е изречена казна од 30.000 евра.
Случајот стана јавен откако сопственикот на мачката го пријави настанот. Жената, која живее во Ромири, според извештаите, усмртила возрасна мачка со јаже, но причината за нејзиниот чин не е позната.
Телото на мачката моментално се наоѓа кај сопственикот. Поради Денот на Свети Дионисиј, кој се одбележува како неработен на Закинтос, телото ќе биде чувано во ладилник до утре, кога ќе продолжат со предвидените постапки.
Надлежните институции работат на утврдување на сите околности околу оваа ситуација.

