Грчките власти информираа дека 56-годишен државјанин на Србија бил пронајден мртов на плажа Трани Амуда, во близина на Агиос Николаос на полуостровот Халкидики.
Мажот бил извлечен од морето во близина на Агиос Николаос без знаци на свест. Локален спасител веднаш се обидел да му укаже прва помош, но не успеал да го поврати. Потоа, со возило на итната медицинска помош, бил пренесен во здравствениот центар, каде лекарите констатирале смрт.
Третото одделение на пристаништето Неос Мармарас ја спроведува прелиминарната истрага и наредило обдукција во Службата за судска медицина во Солун.


