На улицата „Брегалничка“ во Штип, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа, во која 52-годишен мотоциклист се здоби со сериозни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 11:40 часот и во неа учествувале мотоцикл „Априлија“, кој го управувал 52-годишниот Т.З., и автомобил „Пежо“, управуван од 48-годишната А.Д., двајцата од Штип.
Повредениот мотоциклист беше пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. При проверката, утврдено е дека мотоциклистот управувал под влијание на алкохол, со 1,68 промили во крвта.
Полициска екипа изврши увид на местото на несреќата, а МВР најавува соодветни правни дејствија по комплетирањето на документацијата.


