in

Авион со вештачка интелигенција прелета 5.100 километри без пилотска интервенција

Авион што располага со напреден систем за вештачка интелигенција успешно изврши лет од Калифорнија до Северна Каролина, покривајќи дистанција од над 5.100 километри без никаква рачна интервенција од страна на пилотот.

Модифицираниот ,,Cessna Caravan” самостојно ги реализираше сите важни операции, вклучувајќи движење по пистата, полетување, навигација и слетување. Летот беше следен од тимови на далечина, кои се наоѓаа илјадници километри подалеку.

И покрај автономниот лет, во кабината беше присутен безбедносен пилот, кој имаше можност да преземе контрола во секој момент. Сепак, за време на летот, не беше потребна неговата интервенција.

Овое постигнување е значаен напредок во области на автономното воздухопловство, со потенцијално влијание на транспортот на товар, медицинската помош и логистиката.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Во Јапонија наместо сечење, дрвјата се преместуваат!