Денес, во 14:04 часот, регистриран е земјотрес со магнитуда од 3,3 степени на Рихтерова скала во епицентралното подрачје на Преспа.
Според информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот е лоциран на околу 127 километри југозападно од главниот град.
Тресењето било почувствувано на неколку места во југозападниот регион на Македонија. Во Битола и околните населби, земјотресот се почувствувал со интензитет од III до IV степен според Европската макросеизмичка скала.


