in

Шулц одбил трансфер од 40 милиони евра поради мал град во Велс

Чешкиот фудбалер Павел Шулц одбил понуда за трансфер во Велс вредна 40 милиони евра, иако клубот Лион бил подготвен да ја прифати понудата од Врексам.

Шулц, стар 25 години, не сакал да го напушти францускиот клуб и да се пресели во Врексам, град со околу 40.000 жители. Дополнително, тој изразил желба да не игра во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

„Врексам изгледа како вистинска холивудска приказна, но не сакав да одам во Чемпионшип или во мал град во Велс,” изјавил Шулц.

Тој исто така се обидел да ублажи својата изјава, нагласувајќи дека не сака да биде сфатен како непочитлив.

Шулц остана во Лион, каде што пристигна во 2025 година од Викторија Плзен, а досега одиграл 45 натпревари за клубот, постигнувајќи 14 голови.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бразил забрани сите видови на обложување, вклучително и онлајн кладењето

Земјотрес со магнитуда 3,3 забележан во близина на Преспа